Porta Superium

На наше огромно задоволство ви го претставуваме мега проектот Porta Superium и соработката за комплетно паметен дом во становите на Порта Инженеринг! 🤝🏢📲

ВРЕМЕ Е ЗА БЕЗБЕДЕН И МОДЕРЕН ПАМЕТЕН ДОМ

По напорниот ден на работа, сите копнееме за пријатна и комфорна атмосфера дома. Со нашите решенија домот ќе го претворите во паметен, пријатен и енергетски ефикасен.

Погледнете ги имплементираните решенија на Energy Intelligence во PORTA SUPERIUM од водечкиот бренд за паметни домови Orvibo:
• паметна безбедност (аларм за провала, пожар и поплава);
• паметно осветлување и контрола на бојлерот
• паметна контрола на греење и ладење (парно греење и клима)
• паметна контрола на прочистувач на воздух, ТВ, аудио и видеосистем, и сите инфрацрвени уреди во домот;
• паметна видео домофонија.

Вие добивате:
1. целосна контрола со централната конзола MixPad Mini
2. далечинска контрола преку мобилната апликација од кој било крај на светот – со прст или преку гласовни команди со Amazon Alexa, Google Home и Siri.
3. уредување на прст на автоматизации и распоред на работата на уредите
4. известување во реално време за секоја промена на статусот или за вклучен аларм.
5. заштеда на електрична и топлинска енергија до 30%.

mk_MKMacedonian